Според наводите на „Викелиск“ американската Централна разознавачка служба (ЦИА) ги прислушкувала кандидатите за претседателските избори во Франција во 2012 година.
„Викелиск“ на својата страница објави податоци од три доверливи налози за шпионажа на Централна разознавачка служба (ЦИА) со кои наводно се собирале информации за сите водечки партии во Франција за време на изборите во 2012 година.
Оваа операција на ЦИА траеле од ноември 2011 година до септември 2012 година, со што покрај претседателски избори, бил прислушкуван и периодот за формирање нова Влада.