Денеска се одржа средба меѓу алабанските политички партии ДУИ и Алијансата за Албанците, откако претседателот на БЕСА Биљал Касами остана на својот став дека нема да седне на иста маса со Али Ахмети. Претседателот на Алијансата, Зијадин Села во изјава за медиумите рече:
„На средбата се донесени два заклучоци: Првото е во рок од три дена, албанските политички партии да предложат двајца претставници за да направиме правилник на масата за дејствувањето на албанските политички партии. Зборувавме и дебатиравме за законот за употреба на албанскиот јазик, правиме хармонизација околу нашите ставови и нека биде јасно за јавноста, ние заедно работиме на предлог закон кој ќе ги задоволи потребите на Албанците за употреба на албанскиот јазик во Македонија.
Нашите ставови се јасни, веќе се изјаснивме, нашите потписи за добивање на мандат ќе ги дадеме, но не значи дека тоа се потписи за формирање на Влада. За ставови на поединечни политички партии не можам да коментирам. Ние имаме право во таа Влада да бидат застапени интереси на албанците, а заложништво на институциите и нарушувањето на мирот го прават македонските политички партии. Тие се тие кои се закануваат, во спротивност на уставот и законите.
Албанците не сега, туку во овие 25 години, преку нивните претставници, не побарале нешто да одземат од Македонците, кога зборуваме и за јазик, и за буџет, нашите намери не се да земеме нешто од Делчево или од Струмица, но сакаме да се реализираме самите себе, како народ што живееме и сме живееле во овие простори, без разлика на тоа какви држави постоеле.
Било какви проекти за јазикот, кои може да се дискутираат меѓу партиите, не се прифатливи за ова тело, освен тој предлог што се предлага, и што ќе излезе од ова тело, што постои во заедничката декларација на албанските политички партии. Сите можат да имаат предлози, но единствен предлог кој мора да биде донесен, ќе биде предлогот на законот кој излегува токму од ова тело. Поединечно, како политичка партија, ние ќе даваме предлози за отварање на уставот, не само во делот на јазикот, како што прават многу земји во регионот, за да еднаш засекогаш ги решаваме проблемите кои постојат во Уставот и сите да се најдат во тие промени во Уставот. На крајот на краиштата, предвидено е и во Охридскиот рамковен договор дека Уставот е променлив со цел да ги задоволат потребите на народите. Ние како Алијанса, сме за отворање на Уставот, за да конечно еднаш бидат решение овие проблеми“.