Социјалната мрежа Фејсбук ќе пушти во употреба нова функција, која ќе им овозможува на корисниците и компаниите да објавуваат огласи за работа, а оние кој ќе сакаат да аплицираат за одредена позиција, своите кандидатури ќе можат да си ги поднесуваат директно во мрежата. Тоа ќе се случува преку копче кое ќе отвара образец за пополнување од кандидатот за работа.
Формуларот делумно ќе биде пополнет со податоците на корисникот, внесени на Фејсбук од самиот него при самата регистрација на социјалната мрежа, но ќе има можност и за уредување на информациите. Поврзувањето на кандидатите и работодавачите ќе се остварува преку апликацијата „Messenger“.
Со ова Фејсбук ќе додаде уште една корисна функција за своите 1,8 милијарди корисници. Во моментот новата функција е во тест период и се очекува во наредните неколку недели и официјално да биде пуштена во употреба.