13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Реал победи, а Роналдо повторно во центарот на вниманието: Овој пат „настрада“ противничкиот дефанзивец (ВИДЕО)

Реал Мадрид продолжи со победничката низа за задржување на првото место во шпанската „Ла Лига“ откако денес славеше со 2:0 против Еспањол на домашен терен.

Головите за „кралевите“ ги постигнаа Мората во 33. минута и Бејл во 83. минута, кој после подолга пауза поради повреда, конечно се врати на терените и ќе му биде од голема помош на теренерот Зидан во нападот на титулата во шпанската лига и трофејот во Лигата на шампиони.

Сепак головите не беа најатрактивното нешто на овој натпревар. Главната ѕвезда на тимот, и најдобриот играч на светот, Кристијано Роналдо во 27. минута на натпреварот, во еден напад за својот тим го посрамоти противничкиот фудбалер Давид Лопез, кој беше задолжен за него, откако преку нозе успеа да му ја протне топката, а тоа предизвика воздишки кај присутните на „Сантијаго Бернабеу“.

https://twitter.com/Kasabiii/status/832979690889568256?ref_src=twsrc%5Etfw

поврзани објави

Последни објави