Избраниците на Раул Гонзалес, денес на гостински терен кај ПИК Сегед, изборија тешка победа со конечен резултат од 21:23. Најсазлужен за оваа победа на Вардар беше Арпад Штербик, кој натпреварот го заврши со вкупно 15 одбрани.
Вардар играше разновидно во првото полувреме, иако натпреварот започна со 2:0 предност за домаќините, нашиот шампион успеа да направи пресврат со серија од 0:4, за да презеде водството 2:4. Вице-шампионот на Унгарија успеа да се избори и да го превзеде водството на 9:6, но „црвено црните“ одговорија со нова серија од 0:4, и дојдоа до водство од 9:12, за до крајот на полувремето домаќините намалат на 11:12.
Второто полувреме беше карактеристично по цврстата одбара кај двете екипи, до Раул Гонзалез успеа да го надмудри својот колега од противничкиот табот, за по тешка битка Вардар на крајот да слави победа од 21:23, а со тоа дојде и до осмата сезонска победа во Лигата на шампионите.
Тимур Дибиров беше најпрецизен кај Вардар со 6 погодоци, додека на второто место се најде Душебаев со 4.