Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ со повик до лидерите на најголемите македонски политички партии за поднесување иницијатива за создавање на национална стратегија која ќе биде потпишана од сите партии и патриотски здруженија во Република Македонија. „Тврдокорни“ уште еднаш го искажуваат својот став за и околу „Албанската платформа“ која за нив е ништожна и не смее да биде никаков фактор во актуелните преговори за Влада.
„1.Албанската платформа е ништожна, и не смее да биде никаков фактор во актуелните преговарања за влада сега и никогаш во иднина.
2.МАНУ активно да се вклучи во одбраната на Република Македонија и да престане да биде нем набљудувач на нашето национално разградување од внатрешни и од надворешни фактори. Последниот акт на асимилација на нашето малцинство во Албанија од страна на Советот на Европа, е само еден сигнал врз кого ќе се крши копјето во разрешувањето на политичката криза во Македонија, која треба да се разреши во пакет со целосно бришење на Македонија како држава и нас како народ. Време е да станеме немирни и проблематични! Некој заборавил дека фактор на мирот во оваа земја е токму мнозинството народ, кој свесно беше заспан во минативе 25 години од страна на партиите кои се директни соучесници во нашето погубие како народ.Од 1991 до денес, ние бележиме порази и понижувања на сите полиња!(Менување име,знаме, Рамковен договор, Територијална поделба, закон за јазици и за амнестија на Хашките злосторници,премолчена Големо-албанска платформа)
3. Лидерите на нашите најголеми партии да поднесат иницијатива за создавање наша, заедничка НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА која ќе ја потпишат сите партии и патриотски здруженија во Македонија, во чија стратегија ќе се исцртаат нашите црвени линии за во иднина и темите кои нема да бидат предмет на разговор и никакви пазарења!
4. Интелектуалците во Македонија да се разбудат од сонот, да ги напушатат своите партиски поила, да престанат да водат дневна политика и конечно, да се приклучат целосно и несебично во одбрана на Република Македонија.
5.Уставниот суд да ги забрани етничките партии, зошто токму етничките префикси беа причина во 2001 да се тргне преамбулата на Уставот со што Македонија од држава на Македонскиот народ, стана граѓанска држава. Така скроениот устав не соодејствува со моменталното постоењето на Етнички партии и истите треба да се пререгистрираат!
Ова се почетните точки, и стартна агенда во нашиот статут и платформа и наши приоритети во иднина.
Маршот на 24.02. ќе означи почеток на наша институционална борба, затоа што институциите се нашата држава. Ако некој ги урне тие институции и нашата држава, нашата борба ќе продолжи и вон-инситуционално.
Сонот за наша држава, пак се сонува!!!
МАКЕДОНЕЦ ЗА МАКЕДОНЕЦ, БРАТ ЗА БРАТ!“, се вели во повикот на МПЗ „Тврдокорни.