6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ирачките сили ја започнаа завршната акција за ослободување на Мосул

Ирачките воени сили покренаа денеска една од последните операции за ослободување на западниот дел од Моусл од Исламската држава, објави денеска премиерот на земјата Хајдер ал Абади.

Сојузните ирачки сили на 17 октомври минатата година отпочнаа голема офанзива да го вратат градот Мосул, втор по големина во земјата и седиште на Исламската држава.

 

„ Објавуваме нова фаза во операцијата, народот во Мосул засекогаш ке биде ослободен“, изјави на телевизија премиерот.

Оваа борба би можела да биде една од најтешките од почетокот на офанзивата за ослободување на овој град, сметаат аналитичарите. Варќањето на Мосул би ги исфрлило силите на Исламската држава од Ирак и би било фатален удар за нивниот калифат.

Иранскиот премиер Хајдер ал Абади во декември изјави дека ќе бидат потребни три месеци за да се истера Исламската држава ов Ирак.

 

 

поврзани објави

Последни објави