4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Стартуваше пролетниот дел од ПМФЛ, претендентите за титула со победи

Денеска со одигрување на натпреварите од Првата македонска фудбалска лига стартуваше пролетниот дел од сезоната.

Главните претенденти за титулата Вардар и Шкендија старуваа со победи. Актуелниот шампион славеше над Шкупи со 3-0. Првиот гол беше автогол на Кривањева, се играше 15 минута кога Фелипе постигна евро гол и зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Дејан Блажевски.

Шкендија пак на домашен тере славеше против Силекс со 2-0 со головите на Ферхан Хасани и новото засилување Дино Медјиновиќ.

Работнички ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Македонија ГП и ја совлада со 3-0 со двата гола од пенал на Филип Ивановски и Суад Сахити.

Во Штип битката за опстанок на Брегалница стартуваше неуспешно откако забележа пораз од Ренова, стрелец на единстевниот погодок за „гипсарите“ беше Усеини.

Пелагониското дерби помеѓу Победа и Пелистер кое се одигра во Струмица заврши нерешено 2-2. По еден прекин Раденко Бојовиќ донесе водство за Пелистер но во 22-та минута Благоја Гешоски од пенал донесе изедначување. Во вториот дел новото засилување за пелистерци Баже Илијоски од пенал донесе ново водство, но само две минути подоцна Крстески ги постави конечните 2-2.

На табелата нема некој поголеми промени Вардар останува на првата позиција четири бода предност пред Шкендија, додека пак на дното на табелата Брегалница е закована на последното место и заостанува четири бода зад Македонија ГП.

поврзани објави

Последни објави