fbpx
9.8 C
Skopje

Змејковски со отворено писмо до Никола Груевски!

АКТУЕЛНО

Владимир Змејковски упати отворено писмо до Никола Груевски.

Писмото ви го пренесуваме во целост.

Веќе подолго време се мислам да ти пишам, но последната одлука ја прели чашата. Незнам колку знаеш, а знам дека воопшто незнаеш, стариот партиски штаб, т.н. жолта зграда, беше освојувана соба по соба, спрат по спрат, со многу пот и мака, со многу неспреспиени ноќи одземајќи ја од канџите на тогашниот режим. Но ти Никола безсрамно реши да ја туркаш зградата која беше симбол на пад на еден режим и на нејзино место да градиш “палата” само за да ги задоволиш своите мегаломански апетити. Секој ден одев и со тага во градите гледав како цигла по цигла ја рушите зградата и чувствував како да кинете парче по парче од мојата душа. Може да изградите уште 10 “палати”, но никогаш нема да успеете да ја фалсификувате историјата испишана во тие простории, никогаш нема да ја доживеете магијата која се случуваше таму.

Последното Никола ја прели чашата и решив јавно да ти се обратам и како еден од основачите на партијата (не оние кои подоцна, а и сега се китат со заслуги, јас сум еден од потписниците кои имаа храброст јавно да застанат и да се спротистават на тогашниот режим), како човек во чија куќа почна да се формира ВМРО ДПМНЕ и се одржаа првите состаноци и да те запрашам:
• Зошто го имаш седиштето на партијата ставено под хипотека?
• Зошто си ја избрал токму Комерцијална Банка АД Скопје?
• Дали знаеш колку вмровци пострадаа од раката на директорот на Комерцијална Банка АД Скопје?

Никола, знам дека како и за се досега што сум пишал јас или Форумот, и овој пат ќе премолчиш или ќе се скриеш позади партиски соопштенија. Но, знам дека во историјата на организацијата никој нема направено таков упад и ја нема наполнето организацијата со толку неморални и луѓе со сомнителна идеологија како што направи токму ти. Твоите пајташи обожаваат да кажат “долга е раката на ВМРО” ама забораваат да кажат дека е праведна и дека тоа се однесува на оние кои посегнале по организацијата или правеле зулум по народот како што правите вие.

Со почит,
Владимир Змејковски,
Основач на ВМРО ДПМНЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -