4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги губи изборите во изминатите десет години поради агресивно однесување против фактите и вистината.

СДСМ ги губи изборите во изминатите десет години поради агресивно однесување против фактите и вистината, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

„Криминалците во врвот на СДСМ не сакаат граѓаните да ја знаат вистината. Мислат дека така ќе го сокријат криминалот и ќе ја избегнат правдата. Затоа криминалците во врвот на СДСМ наредуваат напади врз медиуми и им се закануваат на сите новинари кои не се под контрола на СДСМ/Сорос, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Наведуваат имиња на нападнати новинари во изминатиот период, и посочуваат дека „ниту Здружението на новинари на Македонија, ниту соросовите невладини не реагираа кога биле напаѓани физички и со напади по живот оние новинари кои не ги исполнувале нарачките на Бихаќка и оти со молк ја одобрувале агресијата кон новинарите.

Поради ваквото агресивно однесување против фактите и вистината, резултатот на СДСМ во изминатите 10 изборни циклуси е пораз со 10:0 од граѓаните на Република Македонија. Народот не сака криминалци и медиуми кои штитат криминалци“, се вели во соопштението.

поврзани објави

Последни објави