Коментирајќи ги актуелните случувања на македонската политичка сцена и сето она што се случуваше изминатиот период, новинарката Мирка Велиновска, во гостување во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов, вели дека не мисли дека ќе се направи Влада меѓу СДСМ и ДУИ, но и под претпоставка да се направи, таа Влада нема да трае.
„Не мислам дека ќе се направи Влада помеѓу СДСМ и ДУИ, но иако се направи, еве сега за сите варијанти да зборуваме, таа влада нема да трае, значи нема да трае. Дали народот сам, дали претседателот на државата, дали комбинирано, сите ќе си ги превземеме институциите, воопшто да не чекаат дека Америка ќе реагира и ќе ги спасува“, изјави Велиновска
Таа додава дека единствениот „Злостор“ на Груевски е тоа што му го исправил ‘рбетот на Македонецот.