13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

СДСМ: Ќе има нови училишта, нив ќе ги изгради новата Влада

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денес со соопштение до јавноста најави дека новата Влада ќе се погрижи да изгради нови училишта. Тие напоменаа дека во 10 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ се потрошени над 630 милиони евра за барок во гипс.

„Ќе има нови училишта, но нив ќе ги изгради новата одговорна Влада на граѓаните на Македонија.

Граѓаните знаат дека власта на ВМРО-ДПМНЕ во заминување имаше 10 години да направи нешто во образованието. Но криминалната власт избра да потроши над 630 милиони евра за барок во гипс. А ги остави учениците во студени и руинирани училишта, во влага и мувла.

Граѓаните затоа се изјаснија за промени, бидејки не сакаат повеќе нивните деца да учат во распаднати училишта и да се разболуваат поради лошите услови во нив.

Затоа итно е потребно да се испочитува мнозинската волја на граѓаните и да се формира новата Влада којашто ќе изгради нови училишта, ќе ги реновира постоечките и ќе воведе квалитетен образовен систем.“, стои во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави