11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Дали Алберт Ајнштајн верувал во Бог и колкав верник бил?

Верувал ли Алберт Ајнштајн во Бог или бил атеист? Ајде да видиме колку религиозен бил и во што всушност верувал!

Според Ричард Докинс, познат етиолог, биолог и еволуционист, автор на бројни научно – популарни книги, публикации и предавања, Алберт Ајнташјн бил атеист. Ајнштајн понекогаш се служел со името на Бог, но тој не е единствениот научник атеист, кој го правел тоа, создавајќи предуслови за погрешно разбирање од страна на супер – натуралисти, подготвени да го искриват кажаното во нивна полза. Докинс дури дава дефиниција, како тој самиот верува дека „не постои ништо надвор од природата и физичкиот свет, ништо натприродно или интелигентна сила се кријат зад она што можеме да го видиме и допреме.

Докинс објаснува дека некои автори звучат религиозно, но ако се продлабочиме во нивните размислувања, ќе откриеме дека всушност се атеисти. Тој го посочува Ајнштајн за основен пример и ги карактеризира неговите религиозни гледишта како пантеистични, а пантеизмот, според Докинс, е еден попривлечна верзија на атеизмот.

По дефиниција, теизмот е верба во божество или божества, а верувањето во еден бог е спротивно на политеизмот или пантеизмот. Тоа е важно да се напомене прво, бидејќи атеизмот се дефинира како неверие, отсуство на вера, или негирање на постоењето на Бог. Второ, пантеизмот е верување или филозофско учење според кое Бог е безлична појава исто како и природата.

Докинс уште објаснува дека неговите аргументи за религиозните ставови на Ајнштајн, се базираат врз напишаното во книгата “Ајнштајн и Религија“ од Макс Џемер. Чудното е дека кога човек ги разгледува зборовите на Ајнштајн во истата книга, со чудење открива доста интересна ситуација.

Зад сите видливи закономерности останува нешто суптилно, нематеријално и необјасниво. Длабокото почитување на оваа сила е мојата религија. Во таа смисла, јас всушност сум религиозен / верник /.

Секој кој се посветил на науката, порано или подоцна се убедува дека законите на универзумот се манифестација на духот – дух, многу помоќен од оној на човекот.

Божественото се манифестира преку физичкиот свет. 

“Мојот Бог создава закони … Неговиот универзум не е управуван од несериозност / слепа вера /, а од непроменливи закони. “[12]

Сакам да дознаам како Бог го создал овој свет. Сакам да ги  дознаам неговите мисли.

Тоа што силно ме возбудува е, дали Бог би можел да го создаде светот на поинаков начин. 

Тоа цврсто убедување во постоењето на врвен разум / интелект / откривајќи себе во светот на искуството / искуството /, го претставува концептот на мојот Бог. 

Мојата религија се состои во едно скромно восхитување кон бесконечнота супериорност на духот , …

Докинс забележува дека Алберт Ајнштајн споменува “врвен дух” , “врвен разум” , “дух многу помоќен од оној на човекот” ,“почит кон оваа сила” и друго, нагласувајќи дека ова не е атеизам. Изгледа Ајнштајн верува во нешто надвор од границите на природата и физичкиот свет – нешто натприродно и интелигентно што стои зад рамката на  реалноста. Уште аргументи во поддршка на идејата дека Ајнштајн верува во нешто високо и натприродно, можат да се најдат во разговорите со негови пријатели.

Во писмата до  Давид Бен-Гурион , поранешен премиер на Израел, Ајнштајн пишува “Треба да постои нешто надвор од енергијата.” А истакнатиот физичар Макс Борн коментира, Тој не ги прифаќа верските убедувања за знак на глупавост ниту безверието за знак на интелигенција.”  дури и според агресивната дефиницијата на Доукинс, Ајнштајн не е атеист. Но за едно нешто Доукинс е во право: Ајнштајн не верува во персонификација Бог , кој одговара на молитви и според барањата се меша во редоследот на универзумот и општеството.

Според ова, Ајнштајн не може да биде наречен теист, но дефинитивно не може да биде наречен и атеист.

поврзани објави

Последни објави