fbpx
11.8 C
Skopje

Томислав Николиќ се откажа од кандидатурата за претседател на Србија

АКТУЕЛНО

Актуелниот претседател на Србија, Томислав Николиќ, денес изјави дека кандидат за претседател ќе биде Александар Вучиќ, а за функциите ќе се разговара после претседателските избори во државата.

Николиќ ова го изјави после разговорот со премиерот Александар Вучиќ, и откри дека и двајцата биле согласни дека пред Србија се наоѓаат големи предизвици, за кои е потребен заеднички одговор од државното раководство, а се договориле и за блиска соработка и во иднина.

И покрај тоа што неговите соработници го убедуваа да оди до крај, Николиќ на крајот одлучи да ја повлече својата кандидатура.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -