6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Фантомите повторно на Избирачкиот список

На предвремените парламентарни во 2016. година, од Избирачкиот список беа избришани околу 30.000 гласачи, кои беа сомнителни, односно проценети за фантоми.

Сепак, тие гласачи ќе се најдат на Избирачкиот список за локалните избори кои ќе се одржат оваа година. Причината за тоа е договорот кој го имале партиите.

Пред да бидат исфрлени фантомите, партиите се договориле, додека Собранието изгласало тоа да важи само за тие парламентарни избори.

ДИК тогаш пронајде околу 30.000 фантоми, а на јавните повици да бидат вратени, се јавија само дел од гласачите, кои подоцна ги имаше и на Избирачкиот список.

поврзани објави

Последни објави