13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Папата денеска побара создавање на хуманитарни коридори за сиромашните и мигрантите

Папата Франциско денеска побара создавање на хуманитарни коридори, за да се спречи бегалците да ги напуштаат своите домови и ја осуди популистичката реторика со која се затвора вратата пред бегалците.

Папата  на меѓународниот форум за миграција и мир во Рим побара правда и обештетување на мигрантите и сиромашните кои се богатат со експлотација.

– Светот повеќе не може да ја поднесе неподносливата економска нееднаквост, која ја уништува планетата и ги тера луѓето да ги напуштаат домовите. Не може група поединци да контролираат половина од светски извори. Не можеме да дозволиме луѓето и целото човештво да имаат право само да собираат остатоци, посочи папата Франциско.

поврзани објави

Последни објави