Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција обвини дека новата градинка во општина Центар, за која беа потрошени два милиони евра, е изградена неквалитетно.
„Андреј Жерновски кога за прв пат се осмели да направи градинка, тој ја изград фушарајски. Градинката која чини 2 милиони евра уште веднаш почна да покажува знаци на неквалитет.
Плочникот во дворот веќе е целосно руиниран и уништен. Автомобили поминуваат и се паркираат врз него секој ден. Се полни со вода и при најмал дожд, истакна Илија Илијовски“, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Центар.
Тој додаде дека градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски троши пари од граѓаните за изградба на неквалитетни градинки и боемски улици и за градба на училиште кое се уште не е изградено.
Да се занимаваше барем малку со потребите на центарци, немаше општина Центар да биде со најмалку капитални проекти од сите општини, рече Илијовски.