Уште еден споменик од проектот „Скопје 2014“ доживеа неславна судбина и векот му беше сосема краток откако обележјето на Борис Сарафов кај Министерството за надворешни работи (МНР) се сруши.
Во текот на денешниот ден во центарот на Скопје, веднаш до МНР со градежна механизација се рушеше споменикот на Борис Сарафов што значи дека уште еден споменик така ќе пропадна во вода, односно парите дадени за негова изградба.
Според некои информации споменикот ќе биде дислоциран но ќе мора одново да се гради што значи дополнителни трошоци, а дали некој и кој ќе земе одговорност за ова, односно за промашената локација останува да видиме.