11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Камен-пијан патник откако слетал на „Александар Велики“ тешко се самоповредил

Помалку бизарна информација ни стигнува од страна на МВР за случај што во текот на вчерашниот ден бил забележата на аеродромот „Александар Велики“.

Имено нешто по полноќ, во 00.10 часот од Малмо со воздухопловот на авиокомпанијата “WIZZAIR” допатувал И.Б. (53) од Скопје кој бил под силно дејство на алкохол. Лицето едвај собрало сили да се задржи на нозе и да ја помине пасошката контрола, по што изгубил рамнотежа и се струполил на подот, а за да неволјата биде уште поголема,  удрил на аголот од кабината, при што се самоповредил.

Му била укажана лекарска помош од медицинска екипа при ТАВ Македонија, а бидејќи се работи за посериозна повреда известена била екипа од Итна медицинска помош од чија страна бил однесен во некоја од скопските клиники во придружба на неговиот внук И.Е. (34) од Скопје.

поврзани објави

Последни објави