14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев од Мала Речица: Ги очекувам потписите, дури и да ги добијам – Уставот на РМ нема да се менува

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев имаше лидерски состанок со Али Ахмети во Мала Речица, каде најави дека промена на Уставот на Република Македонија нема да има, без разлика дали ќе ги добие потписите.

„Јас сум тој што ги очекува потписите, за земање на мандат и составување на влада. Постојат две опции, да има или да нема потписи. Без разлика како ќе биде, јасно е дека нема да има промена на Уставот на Република Македонија“, порача Заев.

На дел од другите прашања од страна на новинарите, Заев истакна дека за многу одлуки двете страни се согласуваат, но и натаму официјално нема договор. Во очекување е изјава да даде и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

поврзани објави

Последни објави