13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Додовски: Катица Јанева и Фатиме Фетаи ја опструираат постапката со приговори кои немаат правна основа!

Адвокатот на екс премиерот Никола Груевски,  Додовски Никола денеска во изјава за медиумите рече:

„Немам друго објаснување освен дека, ова е однапред подготвено сценарио да се изврши флагрантен притисок на водење на постапката, засудувачки приговори, резултатот е повеќекратно казнување. Колку и судија да е трпелив, поинакво постапување на постои, законот не предвидува да се толерира агресивно однесување без правна основа“, рече Никола Додовски, адвокатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додовски рече дека обвинителките од СЈО ја опструирале постапката и сакале да вршат притисок со приговори кои немале правна основа.

Не беа приговорите затоа што не беа доставени записниците, туку заради одредени забелешки на записникот. Тие се доставуваат до судијата. На забелешки тој одлучува дали се основани и го корегира или не записникот. Навреди кон судот, записникот ви е интелектуален фалсификат е притисок пар екселанс“, рече Додовски.

поврзани објави

Последни објави