Папата Францускио побара итна хуманитарна помош за луѓето од Јужен Судан кои гладуваат, нагласувајќи дека можеби милиони се осудени на смрт поради глад.
„Сега, повеќе од било кога претходно, треба да постои посветеност сите нешто да допринесат, не само да кажуваат“, изјави папата пред десетици илјади луѓе собрани на плоштадот Св.Петар во Ватикан.
Од 2013 година во Јужен Судан беснее граѓанска војна за која папата вели дека е братоубивачка.
Претседателот на Јужен Судан, Салва Кир, чија влада во понеделник прогласни состојба на глад, им вети на организациите помош за безбеден пристап до погодените граѓани.
Обединетите нации соопштуваат дека не можеле да пристапат до најлошо погодените подрачја од безбедносни причини.
Јужен Судан го зафати суша истата онаа која Сомалија ја зафати во состојба на масовна глад од 2011 година, а поради тоа животот поради глад го загубиле повеќе од 260.000 луѓе.
ОН денес соопшти дека во Јемен, Јужен Судан, Сомалија и Нигерија околу 1,4 милиони деца се на работ на смртта поради глад.