14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Косовец со лажна полска виза сакал да одлета од „Александар Велики“

Обидот на државјанин на Косово со лажна европска виза да ја напушти Македонија и замине за Полска завршил неуспешно откако бил откриен на време од нашите власти.

Вчера во 18.30 часот на ГП Аеродром „Александар Велики“, при пасошка контрола и увид во полската виза на лицето М.Е. (26) од Косово, полициски службеници се посомневале дека истата е фалсификувана.

Во периодот од 21.00 до 21.40 часот со лицето работеле инспектори од РЦ Север, по што, со потврда за предавање на лице, е предадено на инспекторите  за понатамошна постапка.

поврзани објави

Последни објави