4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Едно лице уапсено во Швајцарија поради поврзаност со ИД

Eдно лице е уапсено во јужниот дел на Швајцарија при полициска акција против група луѓе кои мобилизираат борци за Исламска држава или се поврзани со таа џихадистичка организација.

Според швајцарското обвинителство, над 100 полицајци извршиле претрес во неколку куќи и една сала за молитви во кантонот Тачино.

Двајца мажи се предмет на истрагата поради прекршување на законите, со кои се забрануваат екстремистички организации како што се Ал Каеда и ИД. Едниот од осомничените е турски државјанин, а другиот има двојно државјанство – швајцарско и турско. Притворен е само еден од осомничените, но не е утврдено за кој станува збор.

поврзани објави

Последни објави