Рецепт за Новогодишна пита “Дедо Мраз”
Состојки:
– 1 Квасец
– 300 мл. пресно млеко + 200 мл. вода
– 4 бр. Јајца (1 жолчка се користи за премачкување)
– 4 с.л. кисело млеко
– 2 с.л шеќер
– околу 1 кг. Брашно
– масло, маргарин или зејтин при оформување
– сусам
– црвена боја за слаткиши
Начин на приготвување:
Брашното се сее и се прави кладенче, се додава една супена лажица сол. Млекото се меша со водата и се загрева, кон него се додава квасецот + 2 супени лажици шеќер и брашно за да стане кашичка. Се покрива со чинија и се остава да нарасне.
Јајцата, јогуртот и маслото се мешаат во кладенче а откако нарасне квасецот се додава и тој. Се замесува меко тесто кое не се лепи. Се остава да нарасне околу 40 минути и се дели на четири топки, од кои едната мала, од неа се обликуваат очите, една топка за шапката, една топка за нос, едно шнурче за стакло на шапката, брада и мустаќи.
Другите три топки се тркалаат и се оформуваат како капка, се ставаат една врз друга, а тие меѓу нив се подмачкуваат со масло.
Горниот раб на капката да биде свиткан кон внатрешноста за да се формира капа.
Брадата се развива при што на едниот крај се оформува како полумесечина (ова е усната на Дедо Мраз), надолу се сече со нож и се извртува како брада. За мустаќи се оформува мал правоаголник и се прават дупчиња од двете страни, се усукуваат и се става врз брадата на Дедо Мраз со цел да се добие насмевка на неговото лице. Очите се мачкаат со жолчка, носот се бојадисува со црвена боја за колачи.
Капата исто така се бојадисува со црвена боја додека сето останато се намачкува со жолчка а брадата се посипува со сусам. Се остава да нарасне и потоа се остава да се пече во загреана рерна на 180 степени 15 минути, а потоа се намалува на 100 степени за околу уште 30 минути.