fbpx
7.8 C
Skopje

Колку е богат новиот претседател на САД?

АКТУЕЛНО

[dropcap]Н[/dropcap]овиот претседател на Сад тврди дека тежи 10 милијарди долари, експертите тврдат дека тоа е многу помалку!

Навистина сум богат. Можам тоа да ви го покажам во секунда рече новоизбраниот претседател на Сад Доналд Трамп на конвенцијата на која беше номиниран за претседателски кандидат од Републиканската Партија.

И понатаму се поставува прашањето колку е навистина богат и што се чини неговото богатство.

Независните проценки на три прилично уверливи извори – “Fortun”, “Forbes” и “Bloomberg” го проценуваат новоизбраниот претседател на највеќе 3,5 милијарди долари.

Трамп призна најмалку 1,4 милијарди долари во недвижности на Менхетен, голф терени во Флорида, Њујорк, Њу Џерси и Шкотска. На петта авенија во Њујорк, на само неколку блокови од Централ Парк, се наоѓа познатата кула на Трамп, која новоизбраниот претседател ја изгради во 1983 година. Во неа се сместени канцелариите на Трамп како и луксузен пентхаус кој изобилува со злато и дијаманти.

Големите прозорци нудат спектакуларен поглед од 66. кат на кулата кон Централ Парк и соседниот Њу Џерси.

Претседателот на Сад од Републиканската партија Доналд Трамп има неверојатна канцеларија.

За време на изборната кампања, Трамп изјави за The Wall Street Journal дека секое утро станува во 5 часот, чита весници, гледа телевизија, пред да дојде во канцеларијата кон 8 часот.

Со ваков раскош и спектекуларен поглед кон Централ Парк секој би станувал во 5 часот, зарем не?

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -