20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

30 дена притвор за убиецот на охриѓанката!

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (37) од Куманово, со привремен престој во Охрид поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ со последици смрт.

Пријавениот на 20.02.2017 година во 11.45 часот отишол во станот на неговата соседка С.Б. (66).

Откако влегол со метален предмет прачка ја удрил неколку пати во пределот на главата.
По ова извршил пребарување во станот одземајќи мобилен телефон и 3.200 денари, а откако забележал дека С.Б се уште е жива, од кујната зел нож и ѝ нанел убодни рани во пределот на вратот по што го напуштил станот.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена

поврзани објави

Последни објави