13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Едно лице го загуби живот по пожар во сопствениот дом во Нов Дојран

Пожар и тоа во сопствениот дом однесе уште еден живот, а најновиот случај е регистриран вчера во Нов Дојран.

Вчера околу 14.30 часот во ПС Гевгелија бил пријавен  пожар во Нов Дојран на ул.„Илинденска“ во семејната куќа на П.К. Откако било излезено  на местото на настанот, од страна на Итна медицинска помош било утврдено дека во пожарот со смртни последици се здобила П.К.С.(92).

Смртта настапила од настанатиот чад од пожарот и од изгореници по телото. Пожарот веднаш бил локализиран. Извршен бил увид и во консултација со Јавен обвинител телото на починатата е предадено на семејството за погреб.

поврзани објави

Последни објави