13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

МПЦ: Да се сочува унитарниот карактер на Македонија

МПЦ денес преку соопштение до јавноста порача да се зачуваат уставната позиција на македонскиот јазик на територијата на Македонија како што е според уставот и унитарниот карактер на државата.

„Сегашноста и иднината на Македонија ја гледаме преку сочувувањето на унитарниот карактер на Македонија, а за сето ова ни е потребно меѓусебно помирување и национално единство. Стремејќи се кон тоа, нашиот верен народ треба да се раководи и од евангелските христијански вредности. Македонските национални државни и стратешки интереси можат да се сочуваат само преку личната одговорност на секој од нас, што подразбира живеење по Божјите заповеди, запазување на државните институции и националните права загарантирани со Уставот на РМ“, стои во соопштението на Синодот на МПЦ.

поврзани објави

Последни објави