fbpx
7.8 C
Skopje

Најголемите препреки во сексуалниот живот на мажите

АКТУЕЛНО

Сексолозите ги демолираа митовите дека мажите не се плашат од ништо во кревет! Британскиот сексолог Трејси Кокс тврди дека всушност за време на секс, доста мажи доживуваат голема загриженост и неизвесност, поради популарното верување за нивната доминантна улога во општеството.

Претставниците на посилниот пол често се чувствуваат притиснати да доминираат и во спалната соба, па дури и тогаш кога немаат сили. Во обид да одговорат на одредени сексуални очекувања, се повеќе и повеќе мажи грешат.

1. Стравот од тоа дека нема да можат да издржат доволно долго

Овој страв е предизвикан од гледањето на порно видеа, каде половиот чин обично е доста подолг, па затоа мажите се обидуваат да го продолжат рокот на една партија . Просечното времетраење на половиот акт е 7 минути, се наведува во истражувањето, направено меѓу 10 000 парови во Њу Мексисо. Токму толку време им е потребно и на жените, за да стигнат до оргазам, според американскиот специјалист за репродуктивно здравје д-р Хари Фиш.

2. Мажите исто така имаат проблеми во врска со голотија

Тие, како и жените, се засегнати од својот изглед и се чувствуваат непријатно од “пивскиот” стомак, на пример. Значи следниот пат кога ќе се грижите дали мажот ќе види целулит, знајте дека и тој се надева дека вие ќе ги игнорирате неговите недостатоци. Вистината е дека нему му е грижа повеќе отколку што покажува.

3. Мажите се стаписани од помислата дека можат да ја разочараат партнерката

Од страв да не се покажат како лоши љубовници, обично мажите се плашат од еректилната дисфункција. Бидејќи не сакаат да остават впечаток дека не знаат што прават, мажите најчесто не бараат насоки од партнерката.
Ова води до незадоволителен секс и за двете страни, а и понекогаш до аверзија кон него – зависи колку долго се премолчува проблемот. Тука клучен момент е поддршката. Улогата на жената е да укаже, без да звучи критички настроена. Она што е потребно е и двајцата да се отворени и да уживаат тотално во чинот.

4. Мажите се загрижени од големината на пенисот

Чудно, но тоа не е толку поврзано со женското задоволување како со конкуренцијата. Само за објаснување: просечната големина на машкиот полов орган е 14,2 см, а уште поважно е тоа што жените обично не се заинтересирани за големината.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -