Срцето е најсилниот мускул – Александар Занарди: Спортска и животна приказна која ќе ве наежи!
Неговото име е Алесандро Занарди. Во својата младост го достигнал највисокото ниво што само може да го посака еден професионален возач – настап во Формула 1. И тоа во време за кое многу ќе кажат дека беше најспектакуларно кога на стазите крстосуваа Аиртон Сена, Аалан Прост, Михаел Шумахер и Најџел Мансел. Она што споменатите пилоти го достигнаа во Ф1, освојуваќи титули, Занарди го проживеал во КАРТ Шампионатот каде се закитил со двократна титула.
Септември, 2001 година во Германија е моментот кога тотално се свртел животот на Занарди. На 12 круга пред крајот на трката во момент кога бил лидер доживеал тешка несреќа која и тоа како му го променила животот. Ги губи двете нози и крвари скоро до смрт. Докторите со маратонски неколку дневни операции успеваат да му го спасат живот, но никој не можел да знае каков ќе биде тој живот во иднина.
Не поминале ниту две години, а тој се вратил на местото на несреќата. Во посебно прилагоден болид со рачни контроли ги одвозел последните 12 круга на патеката, симболично со што ја завршил трката. Потоа се заљубува во рачен велосипед со кој го завршува маратонот во Њујорк. Потоа освојува шест параолимписки медали. Четири злата од кои еден на денот на одбележување на 15. Години од несреќата која го не го уништила, туку само променила.