-2.2 C
Skopje
Saturday, November 9, 2024

Не само што такво нешто како „премногу секс“ постои, туку и ги прави луѓето несреќни.

Во истражувањето спроведено на универзитетот Карнеги Мелон учествувале 64 љубовни двојки. Од половината од нив, психолозите побарале да ја удвојат редовноста на сексуалните односи, додека другата половина требало да продолжи со вообичаен степен на активност.

Испитаниците пополнувале прашалник околу сексуалните навики, но и генералниот степен на среќа и задоволство во животот, се разбира, и на почетокот и на крајот на истражувањето. Се покажало дека групата која била натерана да има повеќе секс завршила понесреќна отколку онаа другата.

Зачестеноста на сексуалните односи придонела до намалување на страста и желбата за секс со партнерот, самите односи биле „помалку исполнувачки“ сега кога ги имало повеќе, а и степенот на задоволство во животот бил понизок од оној што испитаниците го пријавиле на почетокот на истражувањето.

„Желбата за секс исчезнува многу побрзо отколку што очекувавме“, вели Тамар Кришнамурти. „Наместо да се стремиме да имаме секс што е можно почесто, треба да се стремиме оној секс што го имаме да биде за паметење“.

поврзани објави

Последни објави