Судењето против екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски поради мобинг повторно беше откажано.
Одбраната на Панчевски пред неколк дена го доставила одговорот на тужбата, а тужителот денес ја прими на рочиштето, поради што повторно се побара одложување со цел подобро да се разгледа одговорот.
Адвокатот на тужителот Горан Стаменковски, Јанковиќ, истакна дека ова е уште еден обид на тужениот да ја одогловлекува постапката, додека пак според адвокатот, Ѕвонко Давидовиќ, казната со суспензија на Стаменковски, претставува притисок.
Адвокатот на Панчевски, Митко Солаков, изјави дека тужбата е безпредметна и нема никакви правни основи за мобинг, имено целата оваа постапка претставувала мобинг за Панчевски, со цел да се наруши неговиот углед.