13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Историја ќе се пишува во март: Путин и Ердоган ќе се сретнат во Москва, во план важни преговори

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе се средне со неговиот руски колега Владимир Путин во Москва на 9 и 10 март, соопшти портпаролот Дмитриј Песков.

„Потврдувам. Преговорите меѓу Путин и Ердоган се планираат“, изјави тој за новинарите.

Објави за овој состанок се појавија во турските медиуми. Турскиот лидер ќе учествува на Советот на Турција и Русија, кој ќе се однесува на соработката на овие две земји.

Двата лидери последен пат се сретнаа во октомври 2016 година во Истанбул, каде разговараа за обновување на трговијата, гасоводот и соработката во Сирија.

Односите меѓу овие две земји во последно време се подобруваат, откако во ноември 2015 беа драстично влошени поради соборувањето на рускиот воен авион во Сирија, кој беше срушен од страна на турската авијација. Русија тогаш воведе економски санкции за Турција како одговор за овој инцидент.

Ердоган после тоа испрати извинување до Путин, алудирајќи дека Русија е пријател и стратешки партнер на Анкара.

Во фебруари оваа година, во руските воздушни напади убиени се тројца турски војници, а ранети беа 11 на северот на Сирија. Путин веднаш се извини после овој инцидент.

Во декември минатата година рускиот амбасадор Андреј Карлов е убиен во Анкара додека држеше говор на изложба. Ердоган го осуди нападот и повика на расветлување на случајот.

поврзани објави

Последни објави