13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Данкан: Нема да се мешаме, политичарите сами да ги носат одлуките

Конечните одлуки треба да ги донесат македонските политичари., а ние нема да се мешаме во внатрешните работи во државата. Ова го истакна државниот министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Алан Данкан, при посетата на Македонија.

„Многу уживав во посетата, мислам дека е многу важна, се обидов да се видам со сите. Ние не се мешаме во вашата политика, но сакаме да сториме се што можеме да помогнеме за иднината на Македонија што вклучува членство во НАТО и ЕУ за вашата долгорочна стабилност и безбедност. Не им давам инструкции на македонските политичари. Тие го прават изборот, не јас“, рече Данкан.

Британскиот министер Данкан, кој беше во дводневна посета на Македонија, вчера се сретна со вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Поповски, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

Тој се сретна и со претседателот на државата Ѓорге Иванов, а одржа средба и со лидерите на Алијансата за Албанците и на ДУИ, Зијадин Села и Али Ахмети.

поврзани објави

Последни објави