Отецот Пимен, кој е доста активен на социјалните мрежи, сподели интересна фотографија која покрена лавица од коментари и реакции.
Тој објави слика со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзината „двојничка“, пејачката Биба Додева која на „Златна Бубамара“ ја глумеше Јанева.
„СПЕЦИЈАЛНО за вас прекрасни луѓе“, напиша покрај фотографијата отец Пимен.