23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Генералното Собрание на ОН го суспендираше правото на глас на шест држави

Венецуела и Либија по вторпат во последните две години го изгубија правото на глас во генералното Собрание на ОН. Причината за тоа се повеќемилионски долгови кон организацијата.

Покрај Венецуела и Либија, суспендиран е гласот и на Папуа Нова Гвинеја, Судан, Вануату и Зеленортската Република, чии долгови се движат меѓу 265. 000 и 12. 000 долари, додека Венецуела мора да плати 24 милиони долари, а Либија 6,5 милиони долари.

поред членот 19 од Повелбата на ОН, право на глас во Генералното собрание го губи државата којашто должи за членство за две или повеќе години. Исклучок се земјите за коишто може да се утврди дека долговите настанале поради околности на кои тие самите не можеле да влијаат. Како што е наведено, висината на партиципацијата за секоја членка се одредува врз основа на националните приходи на таа земја.

поврзани објави

Последни објави