fbpx
18.8 C
Skopje

Заев по поддршката од ЦО: СДСМ носи живот за сите граѓани на Македонија

АКТУЕЛНО

Денес на Бихаќка, претседателот на СДСМ, Зоран Заев доби потполна поддршка од Централниот одбор на партијата, за мандатар за состав на нова Влада на Република Македонија.

„Чест е, моја и на СДСМ, што по скоро 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска Влада на Р.Македонија. Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска Влада во којашто приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија! Рековме дека секој граѓанин е во центарот на нашето внимание. Се определивме за квалитетен живот на сите граѓани, во едно, праведно и правично општество за сите и се што правевме досега во оваа фаза на обезбедување на парламентарното мнозинство, беше водејки се исклучиво од тој интерес на граѓаните, согласно Уставот на Р.Македонија“, истакна Заев.

ДУИ вчера потврди дека потписите ќе му ги додели на Заев, за да биде свикано собранието, но и порачаа дека тоа не значи и сигурно учество во новата Влада. Заев, пак, верува дека новата влада ќе носи живот за сите граѓани на Македонија.

„Следува период во којшто ќе се посветиме на поставување на квалитетна владина програма, што ќе ја реализираат одговорни политичари, кои ќе водат реални политики, така како што избраа граѓаните на Македонија. Презедовме обврски за живот за секој човек со Планот на живот. СДСМ носи живот за сите граѓани на Македонија“, додаде Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -