Денеска се одржа помен со панихида за сите загинати бранители од конфликтот во 2001 година и од настаните од мај 2015 во Куманово. Според Јохан Тарчиловски, денешниот собир не само што е оддавање почит кон бранителите, но и да и се порача на цела Македонија дека тие залудно не загинале.
„Има кој мисли на татковината, има Македонци патриоти чесни, кои до последна капка крв ќе се борат оваа држава да остане таква каква што е, зашто нашите предци ни ја оставиле во аманет и наша чест и одговорност е да ја браниме таа татковина. Ова не е никаква политика, не е ниту ВМРО, ниту СДСМ, ова е чиста одбрана на татковината. Никој не може да ја погази вољата на народот, а народот сака унитарна држава, со еден и единствен јазик, Македонски“, рече Тарчуловски.