Во Бразил во петокот почна карвеневалската треска, а официјалните лица на Рио де Жанеиро, каде се оддржува најпознатиот карневал во земјата, се подготвуваат симболично да му ги предадат клучевите од градот на „кралот Момo“, лидерот на карневалската забава.
Британските медиуми пренесуваат дека илјадници локални жители и странци се собрaа пред почетокот на петдневниот фестивал, и покрај рецесијата и штрајковите на полицајците заради кои последните недели се зголеми загриженоста за безбедноста на учесниците на карневалот.
Градските власти на Рио очекуваат карневалот да привлече повеќе од милион посетитители и на локалната економија да и донесе околу милијарда долари