Синот на Мухамед Али, кој има исто има како големиот боксер, е задржан на аеродромот во Флорида и испрашуван во врска со своето потекло и вероисповест
Мухамед Али Младиот се враќа од Јамајка со својата мајка Калил Камачо Али кога биле повикани на страна и одвоени еден од друг на аеродромот во Форт Лодерделј на Флорида, изјави Крис Мансини, семеен пријател и адвокат
Неговата мајка Камачо Али била пуштена набрзо а потоа ја покажала сликата од својот сопруг. Мухамед Али Помладиот (44) кој ја потврди својата муслиманска вера, бил задржан околу два часа иако рекол дека е син на славниот боксер и роден Американец сепак бил испрашуван и психички малтретиран.