11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Обидите за провокации нема да ги спречат демократските промени што носат живот!

„Обидите за провокации не можат да ги спречат демократските промени што носат живот за сите во Македонија.

Демократските процеси се почнати, а тие подразбидаат праведно и правично општество за сите, во кое што секој кој го нарушува мирот на граѓаните ќе мора да понесе одговорност.

Пријавени се на надлежните органи инцидентите изминатото денонокие, во коишто на сличен начин, со фрлање камења се искршени надворешни прозорци на неколку штабови на СДСМ во Кланица – Битола, во Ново Лисиче – Скопје, во Сопиште и во Охрид.

Очекуваме надлежните органи да ги расветлат случаите.

Посочуваме дека какви било провокации за тесно патриски цели можат само да стават во неволја недолжни граѓани, а не можат да ја спречат демократската обнова на Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави