fbpx
7.8 C
Skopje

ФОТО: „Македонците за унитарна Македонија“ – Мирен протест пред седиштето на Обединетите нации во Женева!

АКТУЕЛНО

Денес се оддржа мирен протест пред седиштето на Обединетите нации насловен како „Македонците за унитарна Македонија“, каде што стотици македонци од Швајцарија, Италија, Германија се собраа да упатат порака дека отфрлаат секаква промена на името, знамето, грбот и химната на Македонија.

Тие упатија декларација за  Унитарна Македонија до Обединетите нации, Европската Унија, Руската Федерација, Франција, Обединетото Кралство, Северна Ирска.

Преку таквата декларацијата тие ја изразуваат својата загриженост за државноста и Унитарноста на Македонија, за името но и идентитетот на нацијата после последните политички случувања во Република Македонија.

На мирниот протест декларацијата за Унитарна Македонија која тие ја упатија до Обединетите нации и Европската Унија беше прочитана на повеќе јазици со посебен фокус на точката која гласи:

„Македонците во Швајцарија како нераскинлив дел од  македонскиот народ отфрлаат федерализација и службеност на албанскиот јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи“.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -