11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Што ќе се случи со Барселона, доколку Каталонија изгласа незавосност? Еве ги сите можни опции и варијанти (ФОТО)

Доколку на 17. септември оваа година се одржи референдум за независноста на Каталонија под покровителство и организација на владата на оваа шпанска покраина, и доколку Каталонија изгласа независност, а Мадрид ги признае овие резултати, основното прашање рано утрото на 18. септрември нема да биде поврзано со иднината на каталонската, шпанската и европската економија, нема да бите ниту прашањето за членството на Каталонија во Европската унија.

Основното прашање на 18. септември ќе биде: Што ќе се случи со ФК Барселона?

Да, Барселона го сочинува крвотокот на Каталонија и е толку многу значајна за нивниот етнички идентитет, па така тоа основното прашање. И не само тоа, цела Каталонија дише за Барса, таа е дел од секојдневието на секој каталонец, а тоа не е некоја споредна и небитна работа.

Судбината на овој фудбалски клуб е без преседан, доколку се запрашаат каталонците.

Судбината на Еспањол, кој се наоѓа далеку на второто место по популарност во оваа покраина, пропорционално е помалку важна. Овој клуб се смета за прошпански елемент во каталонското друштво, клуб кој е навлечен на борба која не го интересира и кој инсистира на тоа дека Каталонија е нешто повеќе од ФК Барселона.

Од друга страна Барса е активен пропагатор на каталонскиот национализам и независност; во минатото управата на овој гигант го има менето своето мислење, но денес е цврсто на позицијата дека каталонскиот народ има право да одлучи околу тоа во која земја да живее, во Шпанија или Каталонија. Многу од играчите честопати отворено се изјасниле за одделувањето, но навивачите на Барселона никогаш не го менуваат својот став, а тоа е НЕЗАВИСНОСТ.

Управата на Барселона инсистира дека тие немаат со ништо допринесено за оваа ситуација, и дека тоа е едноставно воља на народот, дека каталонскиот народ за Каталонија преговара преку својата љубов спрема фудбалскиот клуб.

Можеби ѝ се во право, но можеби треба и да размислат за „јавање“ на тој бран на националистички ентузијазам, бидејќи тоа може да им биде и „пукање“ во своите колена.

Затоа што, доколку Каталонија се оддели, каде ќе игра Барселона, во која лига? Каталонска? Па тоа е шега! Третиот најдобар каталонски тим е Џирона кој во просек има 5.500 навивачи на натпревар. Барселона Б е четвртиот најдобар. Па така Барселона во случај на независност може од една од најсилните лиги во светот да заигра во тотално аматерска лига.

Тоа е толку лудо, што никој не го сфаќа сериозно, но не смее да се игнорира оваа можност. Доколку тоа се случи, Барселона може да се збогува од својата големина, затоа што Барселона е голема токму затоа што е во Шпанија. Овие две работи се потполно игнорирани од страна на слепите каталонски националисти.

Фудбалскиот Мадрид – во намера да ги натера каталонците добро да размислат и да го променат своето мислење за независноста, се заканува дека Барселона нема да може да игра во Примера, доколку Каталонија ја напушти Шпанија. Управата на Ла Лигата се повикува на законот во кој стои дека во професионалните спортски натпреварувања, единствено екипи од Андора, а не се дел од Шпанија, можат да настапуваат во шпанските лиги.

Секако ова помалку е ѝ нелогичен аргумент. Овој закон нема никаква потреба да нагласува каталонски клубови затоа што тие се шпански. Каталонија не постои како суверна држава; затоа и шпанскиот законик ја споменува како покраина. Покрај тоа законите непрекинато се менуваат, па така може да се измени и овој закон.

Засега е лесно да се зборува, независноста може да тргне во сосема спротивен тек. Тоа што во поминатиот пола век го имаме во Шпанија е доминацијата на две екипи: Реал Мадрид и Барселона. Понекогаш Атлетико Мадрид, Билбао или Валенсија знаат да ја разбијат оваа монотонија, можно е во игра да влезе друг тим, но во глобала кога го погледнеме списокот на шампиони гледаме само две имиња.

И сега замислете, што ќе се случи со Примера кога Барса ќе отпадне: ќе имаме апсолутна доминација од само една екипа, Реал. Доколку Барселона биде најголемиот губитник во независноста, да биде осудена да игра во аматерска лига, ниту Примера нема да помине подобро. Заработката од ТВ правата, посетата на стадионите, спонзорските договори, атрактивноста на првенството, сето тоа ќе доживее слободно паѓање.

Навивачите на Реал можеби се смешкаат поради можниот распад на Барселона, но вистина е дека на Реал и е потребна Барселона, исто како и Барселона на Реал.

Постојат идеи за овој клуб, во случај на независност и невозможноста да продолжи да се натпреварува во Примера, тој да се приклучи на Француската или Португалската лига, но тоа не е едноставно да се изведе, бидејќи УЕФА има свои правила кои важат и за нејзините „миленици“.

Иронијата е во тоа што Еспањол, бастионот во покраината кој не е заинтересиран за независност, на крај може да излезе како поголем губитник од Барселона. Зошто? Според црното сценарио во случај на независност, Барселона сепак е гигант кој нема да загуби свои симпатизери, кои ќе сакаат да ја вметнат во своите првенствени редови. Од друга страна, на кого реално и зажал му е потребен Еспањол?

поврзани објави

Последни објави