6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Претседателот на САД во Белата куќа организираше свечена вечера за гувернерите

Претседателот на САДд Доналд Трамп синоќа во Белата куќа организираше свечена вечера за 46 гувернери.

Ова е првиот голем општествен настан на неговата администрација, откако стапи на својата функција.

Претседателот Трамп им наздрави на гувернерите, кои на вечерата дојдоа со своите сопруги, а на првата дама и честита за елегантно приредениот дочек во свечената трпезарија на Белата куќа.

Трамп синоќа на гувернерите им порача дека на дневниот ред од состанокот со нив во Белата куќа можеби ќе се најдат и неговите планови за повлекување на Обамакер, законот за здравствена заштита што го воведе администрацијата на неговиот претходник Барак Обама.

Тој изјави и дека првите четири недели од извршувањето на претседателската функција за него биле многу забавни и дека администрацијата „завршила речиси се што почнала“, како и дека границите на САД сега се „посигурни и поцврсти“.

поврзани објави

Последни објави