Град Скопје ќе надоместува дел од трошоците на граѓаните за купување печки на пелети за 2017 година.
Пријавувањето почнува од денес, а правото на учество на овој јавен повик, критериумите, начинот на остварувањето на правото на надоместок, како и начинот на спроведување на повикот се утврдени со јавниот повик кој е објавен на веб-страницата на Град Скопје.
Јавниот повик трае 15 дена од денот на објавувањето заклучно со 13.03.2017 година, понеделник, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен’’.
Претходниот јавен повик беше објавен минатата година и беше субвенционирана набавката на печки на 196 граѓани, а Град Скопје за овој проект имаше обезбедено 5.896.000 денари.
Оваа година за надоместок на дел од трошоците за набавка на печка на пелети Град Скопје во буџетот обезбедени 10 милиони денари.
Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Град Скопје (домаќинствата) за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик заклучно со 13.03.2017 година, ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок .
Јавниот повик, барањето и образецот за потполнување може да ги видите и превземете од http://skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=775 однсоно официјалниот веб сајт на Град Скопје.