11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев на средба со Иванов: Ова е историски ден за Македонија!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев заедно со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски пристигна во вилата Водно, каде ќе му ги достави потписите на претседателот Ѓорге Иванов за добивање на мандат и формирање на Влада.

„Ова е голем, историски ден за Република Македонија. Во рака држам 67 потписи од пратеници кои гарантираат можност за нова влада за граѓаните на Република Македонија. Истовремено овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Македонија и конечно државата да се придвижи напред во функција на враќање на животот во земјата. Денеска очекувам господинот Иванов да ми го врачи мандатот во најбрзо можно време за да можеме да отпочнеме преговори за формирање на нова влада“, изјави Заев.

Тој исто така додаде и дека следува мирен и брз трансфер на власта. Сите моментално се во исчекување и реакцијата на претседателот Иванов.

поврзани објави

Последни објави