Софтверски инжинер направи робот по пример на улогата на Арнолд Шварценегер во филмот „Терминатор“ користејќи 3D штампач.
Александар Осиповиќ софтверски инжинер од Русија го направи роботот кој му го даде името Џон Хенри, инспириран од ликом од легендарните филмови во кои главна улога играше Шварценегер.
Зборуваќи на руски, Џон и неговиот „ татко“ имаа интересен разговор.
-Моето име е Џон Хенри, Јас сум активиран во септември 2011 година. Мојата основа е хардверско-софтверски комплекс. Јас сум кибертнички организам кој е измислен на основа Т-800 робот од филмот „Терминатор“- вели роботот.