35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Средба Заев – Жбогар: Целосно сме посветени на формирање нова реформска Влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар истакна дека СДСМ се целосно посветени на формирање нова реформска Влада на Република Македонија.

„Потребни се итни реформи во државата, според извештаите на Прибе и на Европската комисија, за да се обезбеди квалитетен живот на граѓаните, но и стабилна евро-атлантска перспектива на Македонија. Подготвени сме да работиме на исполнувањето на овие цели исклучиво во интерес на потребите на граѓаните кои во големо мнозинство гласаа за овие промени на предвремените избори“, се заклучоците од средбата.

Лидерот на СДСМ најави дека прироитет на новата Влада ќе бидат европската агенда и економијата.

поврзани објави

Последни објави