4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Владо Јовановски: Татковината не се брани со продажба на државните интереси туку со душа, срце и љубов!

Актерот Владо Јовановски кој периодов е актуелен на социјалните мрежи и кој со својот статус на Фејсбук, за кој беше обвинет дека повикува на војна, предизвика лавина од реакции, денес беше дел од протестот на иницијативата „За заедничка Македонија“. Тој повика на мирен протест, бидејќи како што рече може да има и провокатори, а тоа само го чекале „егзекуторите на Македонија“.

„Јас сум само еден од учесниците, а овде сум заради тоа што станува збор за мојата татковина, затоа што станува збор за зачувување и одбрана на унитарноста на Република Македонија и пред се на македонскиот јазик кој е корен за нашиот опстанок и идентитет. Ова е можеби само почеток, овие луѓе што овде се собрани имаат јуначко срце затоа што татковината не се брани со продажба на државните интереси туку со душа срце и љубов“, рече Јовановски.

Тој додаде дека никој не може да ја земе нивната душа и никој не може да ја убие идејата за Македонија.

поврзани објави

Последни објави